Топ Вести

ПРВ ПОРАЗ НА КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО ТЕКОВНАТА СЕЗОНА

27.02.2015 22:58
_DSC0079_resize

za tekst

По пет едноподруго победи, кадетите на Металург го запишаа и својот прв пораз. Во “Автокоманда“ подобри од нас беа врсниците од Вардар, кои не совладаа со резултат 21:18 (7:8).

Видовме динамичен и исклучително квалитетен натпревар во кој двете екипи имаа по едно свое полувреме. Во првото подобар беше Металург, кој имаше постојано водство од еден до два гола, а овој дел го завршивме со минимална предност, 8:7. Двете екипи одиграа одлично во одбраната, но по малку конфузно во нападот.

Вториот дел му припадна на нашиот противник. Пресвртот настана во период од 39. до 45. минута, кога, при резултат 12:10 за Металург, вардарци направија серија од 6:0 и поведоа со резултат 12:16. Во неколку наврати противникот имаше и максимални + 5, но средбата заврши со наш заостаток од три гола, 18:21. Во овој период попушти нашата одбрана, а не се снајде и нападот, па победата на Вардар е заслужена.

Сепак, Металург и натаму е лидер во нашата група, бидејќи првиот натпревар во СРЦ “Кале“ го добивме со резултат 24:19 (12:8).

Во последната минута, по еден груб фаул врз Стојковски, настана мал инцидент кој судиите набрзо го расчистија со двата црвени картони, за Стојковски од Металург и Јагуриновски од Вардар.

Најдобар на теренот беше Димитар Димитриоски, стрелец на седум гола, а за одбележување се и 15-те одбрани на нашиот голман Блажевски, иако приближно толку собра и противничкиот голман Трпевски

РК Металург – РК Вардар  18:21 (8:7)

РК Металург: Блажевски (15 одбрани), Петковски, Шулевски 1, Стојковски 1, Здравковски 1, Димитриоски 7, Илиевски 1, Стојменов, Шилегов 4, Лембанов, Танкоски 2, Смилевски, Митревски, Лазаревски и Беќаровски 1.     Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 4 минути.    Црвен картон: Дарко Стојковски во 60-та минута.

РК Вардар: Трпевски, Куртановиќ, Димов 1, М.Николовски, Анастасовски 2, Трајковски 2, Димитров 2, Апостоловски 4, Стојов, А.Николовски, Арсеновски 3, Јагуриновски 1, Амзовски 1, Мирчев 5, Степановски и Стојановски.       Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.    Црвен картон: Томислав Јагуриновски во 60-та минута.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 1.744 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 9