ПРВ ПОРАЗ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

15.01.2013 20:03
333

Македонската репрезентација го доживеа својот прв пораз. Во нервозен натпревар со многу грешки и многу прекини победи поконцентрираната селекција на Исланд, со резултат 19:23. Македонија го доживеа својот деветти пораз во единаесетте меѓусебни средби со репрезентацијата на Исланд.

Видовме две слични полувремиња во кои стартувавме со негатива од по четири гола, кои успеавме да ги надокнадиме во првото но не и во второто полувреме.

По овој пораз Македонија има уште две можности за избегнување на четвртото место и дуелот со Франција. За жал се работи за две тешки средби, бидејќи играме со Русија и Данска, селекции посилни од овие со кои до сега имавме работа.

Најефикасниот наш ракометар на денешната средба беше младиот Манасков, кој со 5 постигнати голови го задржа својот висок просек.

Team_9425Македонија – Исланд   19:23 (10:10)island_10150

Македонија: Ристовски, Митревски, Миркуловски 2, Манасков 5, Мојсовски 2, Георгиевски, К.Лазаров 4(2), Ф.Лазаров, Левов, Темелков, Димовски 1, Стоилов 4, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Јоновски и Ангеловски.   Седмерци 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 248 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 1