Прв пораз на Металург 2

10.11.2018 23:26
DSC0041_resize2

Во деветтото коло на Првата лига, група 1, екипата на Металург 2 го доживеа и својот прв пораз. Загубивме на гостувањето кај лидерот во нашата група, екипата на Работнички, со резултат 35:31 (14:16).

Металург 2 долго време беше во предност и беше подобар во текот на 3/4 од средбата, но лошата игра во последната четвртина не чинеше прв пораз и загубени бодови.

Првото полувреме комплетно ни припадна нам. Работнички забележа само две водства, почетно и при резултат 10:9, во преостанатото време предноста беше на страната на Металург 2, кој во четири наврати ги имаше максималните три гола разлика. Сепак, на крајот на полувремето на семафорот стоеше резултат 14:16 во наша полза.

Во второто полувреме сликата се промени. Работнички успеа да ги искористи сите наши грешки и израмни при резултат 17:17. Уште некое време се играше гол за гол, а потоа Металург 2 повторно влезе во лош период и му дозволи на противникот да направи комплетен резултатски пресврт. Работнички поведе со 21:20, па стигна и до 23:20. Металург се обидуваше да се врати во игра, стигна до 24:23, но тоа беше се што успеа да стори, Работнички продолжи со добрата игра и ја казнуваше секоја наша грешка, па во еден момент стигна и до највисоките +6, 30:24. Средбата заврши со резултат 35:31, Работнички ги освои трите бода, а Металург 2 го запиша својот прв пораз.

По девет одиграни кола, Металург 2 е второпласиран, со 20 освоени бодови, пет помалку од првопласираниот Работнички и три повеќе од третопласираниот Тиквеш. Во следното коло нашиот тим ќе одигра во Автокоманда, против екипата на РК Аеродром.

.

РК Работнички – РК Металург 2  35:31 (14:16)

РК Работнички: Куртановиќ, Игнов, Кочаров, Атанасовски 4, Николовски 4, Димитров 9, Љубевски 4, Виларов, Кумогородски 13, Полиак 1, Мисаилевски, Благопетѕров, Мишовски и Давитков.    Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 16 минути.    Црвен картон: Полиак во 59. минута.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов, Кондев 5, Меловски, Лазаревски 2, Гошевски, Митиќ 2, Шилегов 10, Лембанов, Ристовски, Василевски, Серафимов 10, Младеновиќ 2, Додиќ, Кофиловски и Гајиќ.    Седмерци: 7/7.     Исклучувања: 14 минути.    Црвен картон: Лазаревски во 56. минута и Шилегов во 59. минута.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 230 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 10