Прв пораз на Металург 2 во групата “Б“ од Првата лига

24.10.2020 22:47
DAR_8763_resize

Екипата на Металург 2 го загуби дерби натпреварот со тимот на Скопје 2020, кој е одигран во рамките на шестото коло на Првата лига, група “Б“. Ова коло се одигра во Гевгелија во организација на екипата на РК Партизан.

Металург 2 одигра неверојатно лошо прво полувреме, кое го загуби со дури седум голови разлика, 10:17. Оваа огромна негатива и го одреди конечниот победник на дуелот меѓу двете досега непоразени екипи.

Металург 2 се “разбуди“ во второто полувреме и неколкупати беше на чекор до целосен пресврт. Дури петпати стигнавме до негатива од само еден гол, последен пат на самиот крај, при 31:32. Сепак, победата му припадна на противничкиот тим, кој славеше со конечни 31:32.

Металург 2 инаку од поодамна обезбеди плејоф и овој пораз нема ништо да промени.

Утре се игра последното коло во групната фаза, а наш противник ќе биде екипата на МРК Куманово. Ова коло ќе се одигра во Неготино.

.

РК Металург 2 – РК Скопје 2020  31:33 (10:17)

РК Металург 2: Брестовац, Мијатовиќ 1, Димевски, Фидановски 7, Тричковски, Христоски, Трајкоски 1, Мелоски 1, Николов 5, Андревски 4, Ристовски 5, Георгиевски, Шкријељ, Прцуловски, Петровски 2 и Додиќ 5.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

РК Скопје 2020: Стојкоски, Михајловски, Трифуновски, Чакалиќ 10, Киселовски 8, Пешевски 1, Тркалевски 1, Блажевски, Грујовски 2, Бајрамоски 1, Димчевски 3, Димитријевски 1, Петков 1 и Мишевски 5.    Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 14 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Делегат: Марјан Начевски.

Прочитано 174 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =