Прв пораз на Металург 2 во плеј-офот на Првата лига

17.03.2019 20:43
DSC0045_resize1

Дури во третото коло од плеј-офот на Првата лига екипата на Металург 2 го забележа првиот пораз. На натпреварот со екипата на Македонија Ѓ.П., поразени сме со минимални 27:28 (14:16). Ова е втор натпревар меѓу овие две екипи за кратко време, откако претходно, во Купот на Македонија, го елиминиравме тимот на Македонија Ѓ.П. по изведување на седмерци.

Денешниот натпревар протече во израмнета борба, при што домашниот тим бил подолго во водство. Во првото полувреме Македонија Ѓ.П. водеше во текот на цели 20 минути и имаше максимални 13:9, но ракометарите на Металург 2 собраа сили и со серија од 5:0 ја надокнадија негативата и го презедоа водството. Сепак, првото полувреме го доби домашниот тим, со резултат 16:14.

Настаните од првиот дел се пресликаа и во второто полувреме. Домаќинот имаше постојана предност од 1 до 3 гола, додека Металург постојано притискаше и бараше шанса за пресврт. Тоа и се случи на самиот крај од средбата, која доби крајно драматична завршница. Во финишот од средбата Металург 2 поведе најпрво со 25:26, а потоа и со 26:27, но не издржа до крајот и забележа пораз, прв во оваа фаза од првенството.

Во следното коло Металург 2 во Автокоманда ќе ја пречека екипата на Младост.

.

РК Македонија Ѓ.П. – РК Металург  28:27 (16:14)

РК Македонија Ѓ.П.: Огњановски, Трпевски, Василевски, Вељановски, Стефановски 5, Ѓорѓевски 3, Фицуровски, Тркалевски, Велковски 6, Марковски, Митовски 2, Калков, Димовски 7, Спировски 1, Апостоловски 4 и Николовски.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 12 минути.

РК Металург 2: Михајлов 3, Кондев 10, Кофилоски, Митиќ 2, Лембанов, Ристовски, Василевски, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 5, Тодевски, С.Додиќ, Гајиќ 4, Серафимов 3, Мијатовиќ и Божиновски    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.

Делегат: Куртович Цано од Скопје.

Прочитано 340 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3