ПРВ ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ВО РЕГИОНАЛНА ЛИГА

07.02.2012 21:27
1.Team logo 2

Металург го доживеа својот прв неуспех во натпреварувањето во машката Регионална (СЕХА) лига. Загубивме против Нексе со резултат 29:27, полувреме 17:15.

Се случи тоа на што предупредуваше Лино Червар. Тој пред натпреварот стравуваше поради долгото отсуство на нашите репрезентативци од тренажниот процес во Металург и од нивната замореност по ЕП во Србија. Денес најдобри стрелци кај нас беа Козлина со 8 и Марковиќ со 7 гола. Посебно слаб ден на Дарко Станиќ кој имаше само една одбрана од 14 упатени удари. Го замени Ангелов кој одбрани 8 удари. Се на се слабо издание на нашиот состав. Згора на се дојде повредата на Младен Ракчевиќ кој го повреди коленото и чиј настап против Копер е ставен под прашање. Околу состојбата на Ракчевиќ ќе биде појасно утре, после направени снимки. Ако се знае и состојбата на нашиот втор пикер Димовски тогаш навистина имаме проблем.

Металург денес поведе со 0:1 и 1:2 и после тоа дури во 36 минута со 17:18. Остатокот од времето помина во водство на противникот кој во два наврати имаше и предност од 4 гола, 8:4 и 29:25.

Делумна вина има и напорното и долго вчерашно патување со автобус до Нашице низ со снег завеана Славонија.

РК Нексе – РК Металург  29:27  (17:15)

РК Нексе: П.Лелиќ 8 одбрани, М.Шуњиќ 5 одбрани, Козина 1/1, Матаија 3/3, Етер 4/6, Ф.Лелиќ 5/5, Мрџеновиќ, Баришиќ-Јаман 3/6, Варводиќ, Кеџо 1/2, Маркотиќ 2/8, Слишковиќ 5/10, Пивац, Обад 4/7, Кевиќ, Велиќ 1/1.  Седмерци: 3/3     Исклучувања: 2 минути.

РК Металург: Станиќ 1 одбрана, Ангелов 8, Ракчевиќ 2/5, Левов, Димовски, Марковиќ 7/14, Георгиевски, Козлина 8/13, Манасков 2/2, Миркуловски 2/6, Маркоски, З.Мојсоски 2/2, Н.Мојсовски 2/4, Стојчевски 0/1, Јоновски 1/1 и Алушовски 1/1.      Седмерци: 4/5     Исклучувања: 6 минути    Црвен картон: Миркуловски во 59 минута поради приговор.

Судии: Иван Мошорински и Александар Панџиќ.

Прочитано 983 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 2 =