Прв пораз на пионерите на Металург

10.08.2019 00:42
DAR_0351_resize

Пионерите на Металург, кои се на турнеја во Хрватска, денеска го забележаа и првиот пораз. По вчерашната победа против Нексе, нашите најмлади ракометари се поразени од екипата на Валповка, регионален лидер на хрватскиот ракомет за помали категории.

Загубивме со резултат 32:27 (17:13), во натпревар во кој домашниот тим имал постојана предност.

Тренерот на нашиот пионерски тим, Алексо Лембанов, им даде подеднаква шанса на сите свои ракометари, а најдобри поединци во нашиот тим беа Петковски и Дамовски, со по седум постигнати голови.

Металург утре има дури две средби. Најпрво, во 10 часот, нашите пионери ќе се сретнат со екипата на Осиек, а попладне, со почеток во 17 часот, повторно ќе се сретнеме со Валповка.

По вечерната средба, нашиот тим ќе тргне кон Скопје.

.

Валповка – Металург  32:27 (17:13)

Металург: Брестовац, Ангеловски, Гилев 4, Ангелески, Филиповски 1, Димковски, Насевски 1, Субашевски, Петковски 7, Тотиќ 3, Стојановски 2, Николовски, Грујевски 1, Дамовски 7 и Сербиноски 1.   Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 256 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 7