Прв турнир во Кочани

13.03.2016 16:55
2

Викендов ракометната школа Младинец од Кочани беше домаќин и организатор на првиот ракометен турнир во пионерската лига на Металург (за деца родени 2002 и 2003 година), на кој учествуваа осум екипи (по четири во машка и во женска конкуренција) од Виница, Кочани, Делчево, Каменица и од Кратово.

Кај момчињата убедлива победа забележа екипата на Торо спорт од Виница, која во дуелот со тимот на Брегалница од Делчево славеше со 15-7, а дуелот помеѓу Астра спорт од Каменица и Младинец Кочани заврши без победник, 9-9.

Кај девојчињата на победи се израдуваа екипите на Кочо Рацин од Кратово и на Астра спорт од Каменица во дуелите со Торо спорт од Виница (7-3), односно со Брегалница од Делчево (13-5).

Резултати

Машки

Торо спорт – Брегалница 15-7

Астра спорт – Младинец 9-9

Женски

Торо спорт – Кочо Рацин 3-7

Астра спорт – Брегалница 13-5

Прочитано 383 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 3