ПРВА ПОБЕДА НА ЕКИПАТА НА РЕ-МЕДИКА

23.05.2012 13:40
logo_slika_zdravje-610x74

Тежок и неизвесен натпревар одиграа екипите на Репро 21 и Ре-Медика. И двете екипи во претходните три кола останаа без бодови и во меѓусебниот дуел ја бараа првата победа.

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба која не го реши прашањето околу победникот. Овој дел заврши со резултат 7:7. Во второто полувреме, благодарејќи на незапирливиот Николоски кој постигна рекордни 10 гола, екипата на Ре-Медика дојде до прва победа и три бода. Во тимот на девојќите најдобра беше Ангеловска со 6 постигнати гола. Ангеловска ја предводи и вкупната листа на стрелци во генерацијата 98/99.

Репро 21 – Ре-Медика  14:16  (7:7)

Репро 21: А.Глигоријадис, Тошевска, Џигерова 4, Ангеловска 6, Павловска, Јаневска 2, В.Глигоријадис 2, Т.Стојановска, Савиќ, Селамовска, М.Стојановска, Ѓурчешевиќ, Бојковска и С.Стојановска.     Тренер: Јуле Црвенкоска.

Ре-Медика: Белински 2, Тодоровски, Трпевски, Стојковиќ 4, Андреска, Николоски 10, К.Божиновски, Марковачев и М.Божиновски.      Тренер: Миленковиќ Силвана.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 210 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 14