Прва победа на кадетска Македонија на Медитеранските игри во Атина

17.02.2020 19:57
MHC_Men_2020_1440x600

Македонската кадетска репрезентација ја искористи шансата и ја извојува својата прва победа на Медитеранските игри во Атина.

Во второто коло ја совладавме селекцијата на Мароко, со резултат 21:17 (5:5, 8:4, 8:8).

Се водеше рамноправна борба во која бевме подобри во втората третина, која ја добивме со 8:4 и која стана решавачка за целата средба.

Во првиот денешен натпревар загубивме од Шпанија, со резултат 21:14 (8:7, 8:4, 5:3).

Ракометарите на Македонија, предводени од Никола Матлиески, до крајот на групната фаза имаат уште 4 натпревари. Утре ќе се сретнат со Тунис и со Хрвтска, а в среда со Црна Гора и со Турција.

Прочитано 285 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =