ПРВА ПОБЕДА НА “КАПИТАЛ“, ТРЕТ ПОРАЗ НА “ПЕЛИСТЕРКА КОЛА“

15.05.2012 15:09
DSC_0746_resize

По еден пораз и еден нерешен резултат девојките од екипата на “Капитал“ стигнаа и до првата победа. Во третото коло тие му го нанесоа третиот пораз на тимот на “Пелистерка Кола“.

Се беше решено уште во првото полувреме кое заврши со огромни 7:1 за женскиот состав. Во вториот дел се разиграа и ракометарите на “Пелистерка Кола“ кои делумно ја намалија предноста на противникот. Ова е воедно и прва победа на една од двете женски екипи кои се натпреваруваат во “Млекара Здравје Радово“ мини лигата.

Алексовска кај победникот и М.Мајсторовски кај поразениот беа најдобри во своите екипи.

Капитал – Пелистерка Кола   13:8  (7:1)

Капитал: Алексовска 5, Божиновска, Тасевска 2, Спасова 1, Брунчевиќ, Костадиновска 4, Маринковиќ, Ѓуриќ 1, Алушовска, Дамчевска и Илјаз.     Тренер: Јулијана Црвенкоска.

Пелистерка Кола: Атанасовски, Ристевски, Н.Мајсторовски, М.Мајсторовски 4, Ступар, Трајковски, Соколов 1, Томчевски, Силјановски, Папеш 2 и Трајковски 1.            Тренер: Слободан Чивлачки.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 247 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 1