- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
Прва победа на Металург 2, кој го декласираше тимот на Борец

Во својот претпоследен настап оваа сезона, екипата на Металург 2 дојде до првата победа, декласирајќи го тимот на Борец, со резултат 34:25 (13:11).
Металург 2 го одигра својот најдобар натпревар во тековната сезона, во кој не му даде никаква шанса на тимот од Велес.
Рамноправно беше само на почетокот од овој натпревар, кога и двете екипи се променија во водството. Но, така беше само до 4:4, а потоа се разиграа младите ракометари на Металург, кои дефинитивно го презедоа водството и не го испуштија до самиот крај. На крајот од првото полувреме имавме предност од два гола, но во вториот дел покажавме се со што располагаме. Во текот на вторите 30 минути имавме постојано водство од 3 до 7 гола разлика, а завршниот удар го зададовме во последните десетина минути од средбата, кога реализиравме серија од дури 5:0.
Металург 2 – Борец 34:25 (13:11)
Металург 2: Обреновиќ, Доневски, Гроздановски 3, Шулевски, Стојковски 1, Бошковски 6, Димитриоски 8, Стојменов 1, Шилегов, Петковски, Лембанов 1, Смилевски, Блажевски, Митревски, Лазаревски 6 и Гошевски 8. Седмерци: 4/7. Исклучувања: 4 минути.
Борец: Димовски, Стојановски 3, Лазаревски, Гинов 8, Петровски 1, Тодоровски 1, Стојановски, Органџиев 3, Мирчевски, Минов 2, А.Лазаровски 3, И.Лазаровски 4, Зафиров и Смилев. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.
Делегат: Наумовски Русе од Скопје.