ПРВА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР, НАСТРАДА ЕКИПАТА НА ПРОЛЕТ

22.05.2014 23:15
DSC_0162_resize

za tekst

Металург Јуниор вечерва ја извојува првата победа во плејофот на македонското првенство. Апсолутно заслужено поразена е екипата на Тинекс Пролет, со резулта 25:21 (11:9).

Противникот поведе со 1:0, а потоа нашите момчиња го презедоа водството и го задржаа до самиот крај. Во првиот дел имавме постојана предност од 1 до три гола,а на одмор екипите заминаа при резултат 11:9 за нашиот тим.

Во второто полувреме целосно го разбивме противникот и веќе во 49. минута имавме позитива од 9 гола, 24:15. Малата деконцентрација во последните десетина минути противникот ја искористи за намалување на резултатот до крајните 25:21.

Најдобар на теренот беше Филип Талески, кој постигна 7 гола.

Металург Јуниор – Тинекс Пролет  25:21 (11:9)

Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Бошковски, Бешлиевски, Костески 2, И.Крстевски 1, Манасков 3, Велковски 2, Маркудов 1, Ставридис, Талески 7, Давитковски 1, Матијашиќ 2, Бој.Маџовски 1, Г.Крстевски 3 и Палевски 2.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 10 минути.

Тинекс Пролет: Кристо 5, Петрушевски, Стојановски, Димовски 2, Трајковски 2, Мајнов 2, Апостоловски 3, Ролевски, Јовановски, Коруновски, Петковски, Андоновски, Цветковски 5, Стефанов 1, Андовски и Николовски.       Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

Прочитано 1.804 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 0