Прва победа на пионерите на Металург

28.09.2019 15:02
DAR_3040_resize

По борбеното реми во првото коло против екипата на Аеродром, пионерите на Металург 2 дојдоа и до првата победа. Во рамките на второто коло на пионерското првенство на Македонија, група 3, нашиот пионерски тим славеше на гостувањето кај екипата на РК Шампион, која ја совладавме со убедливи 14:36 (8:22).

Тоа беше нерамноправен натпревар во кој пионерите на Металург 2 имаа целосна доминација и резултатска контрола, во текот на сите 40 минути.

Средбата ја добивме уште во првото полувреме, кое заврши со наша предност од 14 гола, 8:22. Вториот дел не смени ништо, освен што разликата се искачи на +22.

Кај нас се истакнаа Ангелески, кој погоди осум пати, Субашевски, со пет погодици, и Петровиќ, Дамовски и Јазаџиев, кои зад своите имиња запишаа по четири гола.

По две одиграни кола, нашите пионери имаат 4 освоени бодови и одлична гол-разлика. Во следното коло ќе играме дома, со екипата на Ринија М.

.

РК Шампион – РК Металург 2  14:36 (8:22)

РК Шампион: Сотировски, Тренчески, Крстевски 2, Довлев, М.Николовски, Чурлинов, Бекир, Миланов 1, Петровски, Миноски 5, П.Николовски 3, Атески 2 и Мојсовски 1.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Ангеловски, Дамовски 4, Субашевски 5, Петровиќ 4, Грујевски, Насевски 1, Стефков 3, Филиповски 3, Гилев 2, Стојановски 1, Таневски, Ангелески 8, Васевски 1, Јазаџиев 4, Димковски и Талевски.     Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Иво Ѓоргиевски и Бобан Стојановски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 358 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2