ПРВА ВТОРОЛИГАШКА ПОБЕДА

08.12.2011 22:50
DSC03012_resize_resize

Ќе остане забележано дека во првиот натпревар на Металург, во 2 Сојузна лига Југ, остварена е и првата победа. Совладана е екипата на белградски Партизан со резултат 20:18  (8:8).

Победата на Металург е сосема заслужена, иако на моменти, нашите ракометари осцилираа во својата игра. Кризата и нервозната игра на домашниот тим ја искористи Партизан и поведе со три гола разлика (12:9). Металург изедначи на 14:14, и од тој момент започна вистинска битка за секој гол. На крајот, сепак Металург, беше тимот што се радуваше на првата победа. Натпреварот се одигра на отвореното игралиште на Железарница, пред неверојатните 400 гледачи. Авторот на овие редови присатствовал на тој натпревар, и можам да кажам дека никогаш на игралиштето не се собра толку народ. Начичкани беа и прозорците на околните згради, а неколку стотини луѓе натпреварот го следеле од насипот изнад игралиштето. Се на се, околу 1000 луѓе го гледале натпреварот.

РК Металург: Томовски, Делевски 5, Ниневски 5, Чокрев 2, С.Јосифовски 1, Рајчевски, Проданов 2, Лудвиг, Велјановски, Ефремовски 2, Б.Јосифовски 3.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 12 минути.

РК Пртизан: Циндриќ, Степановиќ, П.Грубиќ 1, Репаиќ 1, Михалчиќ, Арсениевиќ 3, Миладиновиќ 4, Боиќ, Н.Грубиќ 2, Радовановиќ 7, Станиќ, Буха.       Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Хасани (Приштина) и Ристиќ (Гнилање).

Фото:

Прочитано 156 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 7