Првата македонска машка ракометна лига ќе се дели во две групи

22.06.2018 12:30
_DSC0082_resize

Првата ракометна лига во новата сезона ќе брои дури 16 екипи. На годинешната конференција на клубови, беа усвоени пропозициите за 2018/2019 година, во кои има измени во споредба со ланската сезона.

Поради големиот број на пријавени екипи решено лигата е да се игра во две групи од по осум екипи. Ќе бидат одиграни вкупно 14 кола после кои првите четири екипи од двете лиги ќе формираат нова плеј-оф група, во која ќе се борат за пласман во Суперлигата и за бараж. Другите осум ќе играат во плеј-аут групата, во која ќе се борат за опстанок. Доколку има најави за сезоната 2019/2020 за уште нови екипи тоа ќе значи формирање на Втора лига, па јасно е дека ќе мора да има и борба за опстанок.

Група 1: Преспа, ЦЕМС, Тиквеш, Академија Младост, Рудар, Металург 2, Работнички и Партизан.

Прво коло:

Металург 2 – Рудар
Работнички – Партизан
Цемс – Преспа
Тиквеш –  Академија Младост

Група 2: Астраион, Риниа, Металург Јуниор, Текстилец, Вардар Неготино, Куманово, Македонија ЃП, Младост Богданци

Прво коло:

Младост – Текстилец
Вардар Неготино – Куманово
Металург Јуниор – Риниа
Македонија ЃП – Астраион

Лигата треба да почне на 8 и 9 септември и би требало да финишира на средината од декември. Во овој дел од сезоната би требало да се одигра првиот дел од шампионатот, а напролет ќе се играат плеј-оф и плеј-аут лигите.

Прочитано 263 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 12