Топ Вести

ПРВИ БОДОВИ НА МЕТАЛУРГ 2 ВО ПЛЕЈАУТ-ФАЗАТА

11.04.2015 14:56
_DSC0060_resize

za tekst

Екипата на Металург 2 денеска го совлада Текстилец во натпревар од второто коло на плејаут-фазата. Металург 2 победи со резултат 28:24 (14:14).

Гледавме интересен и резултатски неизвесен натпревар. Металург водеше во текот на поголемиот дел на средбата, но никогаш не побегна со повеќе од четири гола разлика, а гостинскиот тим постојано наоѓаше начин како да остане во игра.

Металург поведе со 3:0, а во осмата минута веќе беше и 5:1. Кога помисливме дека до победата ќе дојдеме на лесен начин, Металург почна да греши, а противникот тоа знаеше да го искористи, па во 19. минута најпрво ја преполови негативата, 8:6, потоа во 22. минута израмни на 8:8, а во 27. минута стекна и максимална предност од два гола, 10:12. Сепак, на одмор екипите заминаа при резултат 14:14.

Во вториот дел работите конечно си дојдоа на своето место. Металург поведе во својот прв напад и водството го задржа до самиот крај на средбата. Во 35. минута водевме со два гола, 16:14, во 40. минута со три – 19:16, а во 44. минута и со цели четири гола, 22:18. Конечниот резултат од овој натпревар е 28:24.

Металург 2 – Текстилец  28:24 (14:14)

Металург 2: Даниловски (7 одбрани), Алушовски (4 одбрани), Бошковски 3, Крстановски 3, Гошевски 1, Гроздановски 2, Велковски 3, Маркудов 4, Ставридис 3, Давитковски 6, Матијашиќ, Петрески 1 и Палевски 2.       Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 минути.

Текстилец: Ѓеорѓиев, Мицев 5, Пенев 1, Арсов 2, Савев 1, Пешевски 11, Аврамовски 1, Манушев, Кипријановски, Данев 2, Сарашов 1, Гичев, Пешевски и Јованов.      Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 601 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3