Први бодови за Металург во новата сезона

06.09.2019 21:32
DAR_2013_resize

Во Автокоманда вечерва се одигра првенствен натпревар со кој и официјално почна новата сезона во македонската Суперлига. Се сретнаа “братските“ екипи на Металург 2 и на Металург, а по голема борба победата ја однесе поискусниот тим на Металург.

Можеби сите очекуваа рутински натпревар и лесни бодови за Металург, но тоа не се случи. Присуствувавме на одличен натпревар. полн со борба и цврсти дуели, за што сведочат вкупно дури 26 казнени минути за двата тима. Младите ракометари на Металург 2 во ниту еден момент не се предадоа и се бореа до крај, особено што против себе го имаа Металург, кој денеска настапи без петмина од својот прв состав и со тоа и даде на средбата порамноправен карактер.

Металург 2 беше подобар во првите десетина минути и успеваше да одржи минимална предност. Но, како што одминуваше времето, Металург се повеќе притискаше, па во следниот период поискусниот тим изби во водство и создаде разлика од три гола. Во средината од полувремето Металург 2 изведе неколку успешни акции и успеа да го израмни резултатот, 10:10. Но, се покажа дека тоа е и последното израмнување на оваа средба. Металург во следните минути успеа да направи серија од дури 7:0, за водство од 10:17. Првото полуврфеме заврши со резултат 12:20.

Во вториот дел ништо не се промени. Металург 2 се обидуваше да ја намали разликата, но стигна само до -5. На крајот, Металург славеше со убедливи 30:37.

Во следното коло двете наши екипи ќе бидат домаќини. Металург ќе игра против тимот на Вардар Јуниор, а Металург 2 ќе ја нагости екипата на Пролет.

.

Металург 2 – Металург  30:37 (12:20)

Металург 2: Василевски, Божиновски, Мелоски 1, Кофиловски 10, Савковиќ 3, Николовски 6. Митиќ 4, Мирчевски, Ристовски 1, Георгиевски, Љубевски, Танев, Стојановиќ 4, Гајиќ, Л.Додиќ и Ефтимов.    Седмерци: 6/6.    Исклучувања: 16 минути.    Црвен картон: Николовски во 49 минута.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 7, Јагуриновски 7, Поповиќ 8, Шилегов 4, Серафимов 5, Лазаревски, Младеновиќ, Чантурија 1, С.Додиќ 5 и Арсеновски.     Седмерци: 4/5.     Исклучување: 10 минути.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 576 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =