ПРВИОТ ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАР

25.12.2011 16:17
DSC03336_resize_resize

Првиот официјален европски натпревар, Металург го одигра во Лиеж на 24 септември 1993 година. Во рамките на Купот на градовите на ЕХФ, се сретна со белгискиот Херстел. Натпреварот се одигра во салата “Омниспорт“, пред повеќе од 2000 френетични навивачи. Натпреварот го судеја фрацузите Карл и Лелал.

Металург, тој натпревар го одигра максимално борбено и мудро. Во пеколна атмосфера, домакините не успеале да ја разбијат цврстата одбрана на Металург, но на крајот, сепак, извојуваа минимална победа со резултат 22:21, полувреме 11:10. Овој резултат даде реална шанса за пласман на нашиот тим во наредното коло. Главен играч, во редовите на Металург, беше Сашо Стојановиќ со 8 постигнати голови.

Херстал: Ван дер Брук, Бивер, Тортолани, Роелс 1, Делтомб, Фонк, Бартек 12, Ќерими 4, Масровки, Чарли 2, Црњак 3, Бозуад.

Металург (Огномак М): Симиќ, Петревски, Давков 5, Решат, Стојановиќ 8, Јовановски 2, Ристевски 2, Милошевски, Станковски 3, Стојановски 1, Давковски, Велков.

Фото:

Прочитано 333 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 9