Првото полувреме ја реши средбата меѓу Металург 2 и Радовиш

07.12.2019 19:28
DAR_0675_resize

Со денешниот натпревар од 14. коло, Металург 2 ги заврши обврските во 2019 година. Денеска наш противник беше  екипата на Радовиш, која на крајот заслужено победи и ги освои трите бода.

Металург 2 одигра лошо прво полувреме. Бевме порозни во одбраната и исклучително неефикасни во нападот, па во првите 15 минути постигнавме само два гола, а примивме дури 9. Ракометарите на Радовиш едноставно ги искористија сите наши грешки и првото полувреме го завршија со огромна предност од 11 голови, 9:20.

Во второто полувреме работите се сменија. Најпрво дозволивме Радовиш да дојде до максималните +16, 9:25, за да потоа заиграме онака како што треба. До крајот на средбата Металург 2 напаѓаше и постепено ја топеше предноста на противникот. Во вториот дел го надигравме тимот на Радовиш и го совладавме со резултат 18:12, но тоа не беше доволно да се избегне пораз.

Следува јануарската пауза, а потоа Металург 2 ќе ги одигра и преостанатите четири средби од основниот дел на првенството.

.

РК Металург 2 – РК Радовиш  27:32 (9:20)

РК Металург 2: Божиновски 1, Василевски, Михајлов 8, Фидановски, Мелоски, Кофиловски 2, Стоилевски, Митиќ 4, Мирчевски, Попов, Ристовски 4, Љубевски 2, Стојановиќ 2, Гајиќ 3, Додиќ 1, Ефтимов.   Седмерци: 2/5.   Исклучувања: 4 мин.

РК Радовиш: Паунов 1, Стојановски 6, Димов, Јованов, Ѓоргиески 3, Долдуров 4, Ѓорѓиев 2, Постолов, Фенов, Ј. Ѓорѓиев, Органџиев 1, Николов 4, Илиев 10, Везенковски 1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 мин.

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.

Делегат: Петре Климкаров од Велес.

Прочитано 198 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 1 =