Топ Вести

ПРВПАТ СТАРТУВАМЕ СО ПОРАЗ

28.09.2014 21:44
MJI_17423_resize

za tekst

За разлика од претходните три сезони во кои редовно победувавме во првото коло на Лигата на шампионите, овој пат наидовме на противник кој успеа да не сопре. Пари Сен Жермен покажа дека е навистина моќна екипа, која оваа сезона ќе атакува на самиот врв на ова натпреварување. Французите победија со резултат 27:22, иако општ впечаток е дека не беа подобри за дури пет гола. ПСЖ беше подобар во првата половина на првото полувреме и во последните десетина минути од второто. Во останатиот дел од средбата бевме апсолутно рамноправни, а на моменти и подобри. Металург покажа дека има одличен тим, кој жестоко им се спротивстави на фаворизираните француски ракометари. Загубената концентрација во последниот период од играта и чувството дека не можеме да ја стигнеме предноста на противникот не чинеа пораз со разлика која објективно е превисока. Се чини дека токму отсуството на Ренато Вугринец беше алката која недостигаше за успех на денешната средба. Неговата замена, младиот Липовина, одигра одличен натпревар, меѓутоа, кога игра Вугринец  – се е можно.

Враќањето на Дарко Станиќ на голот на Металург беше дочекано со воодушевување, на што тој врати со 12 одбрани.

Лошо го почнавме натпреварот, па во 11. минута губевме со 6:3, а во 13. минута и со максимални 7:3. Во следните 17 минути Металург ги среди своите редови и покажа дека може да му се спротистави и на еден толку силен тим. Овој период го добивме со резултат 8:4, па на одмор заминавме при мирољубиви 11:11.

На почетокот од второто полувреме се водеше рамноправна и машка борба, а резултатот беше израмнет дури петпати. Кризата стигна во 41. минута, при резултат 16:16, кога Пари Сен Жермен најпрво го искористи исклучувањето на Борозан, а потоа и неколку наши грешки, па реализира серија од 5:1, за водство од 21:17. Металург повторно се врати и во 54. минута стигнавме до 22:21. За жал, тоа беше се. На крајот од средбата бевме невнимателни, а нашите грешки ги искористи противникот и стигна до победа изразена со превисоки пет гола разлика.

Металург – Пари Сен Жермен  22:27 (11:11)

Металург: Станиќ (12 одбрани), Коциќ, Ојлески, Липовина 3, Георгиевски, Манасков 4, Миркуловски 5, В.Маркоски, Димовски, Мојсовски 1, Атман 1, Циндриќ 2, Јоновски, Марсениќ 4, Борозан и Џукиќ 2.     Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 4 минути.

Пари Сен Жермен: Омејер, Анони, Мелиќ 2, Акамбре 3, Часар, Гојун, Вори 1, Н’Диаје 1, Гунарсон 1, Абало 5, Хансен 6, Нарцис 1, Онрубиа 3, Копљар 3, Бојиновиќ и М’Тима 1.    Седмерци: 1/1.       Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 2.553 пати

(8) Коментари

  1. 1. Промашени зицери на Миркуловски и Ојлевски
    2. Грешка со Коциќ, ни пукнаа 3-4 гола безвезе
    3. Атман едвај погоди еднаш
    4. Мојсовски неспремен
    5. Вугринец не игра
    6. Марсениќ е ТАПА у одбрана. Какви наивни грешки правеше, страшно.
    7. Липовина пријатно изненади
    8. Џукиќ слабо. Детето се губи на терен.
    9. Миркуловски, Манасков и Јоновски одлични
    10. Станиќ солиден.
    11. Судиите правеа почетнички грешки и неколку пати паднаа на симулација на французиве.

    Тоа е тоа у кратки црти.

  2. Boban odi pomognimu na lino.gluposti zboris.deca mladi ama realno da imavme srekja pogolema so atman i so sudiite da znaeea da sudea bevme isti a i mozevme da pobedime.kocič ne bese na nivo denes a gjukičracunaj deka mu e prv pat da igra vo liga sampioni a pogotovo so gigantot PSG

  3. Omejer e golman od svetska klasa i normalno e da fati nekolku ziceri, vprocem i Stanic fati nekolku ziceri. Utakmicata ja izgubivme poradi pad na koncentracijata kako vo napad taka i vo odbrana na pocetokot (koga vlegovme nedovolno cvrsto i ambiciozno) i na krajot (koga brzopleto sakavme da prodolzime so serijata).

  4. Ne smee da ima izgovor za neiskustvoto na nekoi rakometari. I vo Celje ima mladi rakometari pa da ne bese Sterbik Vardar 100% ke izgubese i toa ubedlivo. A i vo PPD Zagreb ima mladi rakometari pa go zgazija Kil.

  5. So pobedata na Zagreb nad Kil misijata na Metalurg stanuva nevozmozna. No da vidime. Na muci se poznaju junaci.

  6. ne mi jasno do koga natprevari vo liga na sampioni ke sudat sudii amateri i pokoja logika na ekipa od francija im sudaat sudii od portugalija

  7. Три пати беа погодени стативата и пречката, еднаш се промаши седмерец и два зицери успеа да одбрани нивниот голман – тие да влезеа и ќе победевме.

    Кире Лазаров во ваков случај би рекол „Среќа што ова ни се случува на почетокот на сезоната, па има време да се поправат грешките“.

  8. Ќе ми објасни некој зошто не играше Вуко Борозан?

Напишете коментар


1 + = 4