Топ Вести

ПСЖ прв обезбеди настап во Келн

28.04.2018 19:47
31381154_10155680677228666_369594245197070336_o

Екипата на ПСЖ, на која букмејкерите и даваат најголеми шанси за освојување на Лигата на шампионите, прва обезбеди учество на фајналфор-турнирот во Келн. Денеска ПСЖ по вторпат го совлада тимот на Киелце, овој пат со резултат 35:32 (17:15).

Денешниот натпревар во најголемиот дел мина во рамноправна игра, но беше јасно дека ПСЖ нема да ја испушти огромната разлика стекната на мечот во Полска, каде го совлада Киелце со резултат 34:28.

ПСЖ е првиот патник за Келн, каде можат да се најдат уште две француски екипи, Монпелје и Нант.

Прочитано 197 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 6