Работнички мина низ “мелницата“ на Металург

06.12.2019 22:18
DAR_0493_resize_resize

Во рамките на 14. коло на машката ракометна Суперлига, последно за 2019 година, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург и на Работнички. Во средба во која Металург доминираше во текот на целиот натпревар, противникот го поразивме со огромни 28 голови разлика, 51:23 (23:10).

Следевме средба на две екипи со голема разлика во квалитетот, па убедливиот пораз е реален исход од случувањата на теренот.

Од самиот старт поведовме со 5:0 и уште тогаш беше јасно дека Работнички ќе биде на голема мака. Првото полувреме завршисо резултат 23:10.

Поголемиот дел од средбата Металург го одигра со своите најмлади ракометари, кои и во второто полувреме продолжија со ефикасна игра. Конечниот резултат е 51:23 (23:10).

Младиот Кондев, со 12 голови, беше најефикасниот на средбата, а со 8 голови се истакна и Вујовиќ. Мијатовиќ, пак, одбрани три од досудените четири седмерци. Кај противникот повторно се истакна Палевски, кој овој пат постигна 10 гола.

Металург ги заврши обврските за 2019 година, која ќе ја испрати на чело на македонската Суперлига.

.

РК Металург – РК Работнички  51:23 (23:10)

РК Металург: Мијатовиќ, Ѓорѓески, Кондев 12, Јагуриновски, Поповиќ 6, Шилегов 6, Танкоски, Мариќ 1, Серафимов 5, Лазаревски 3, Младеновиќ 4, Вујовиќ 8, Чантурија 1, Кбилашвили, Додиќ 4 и  Маркоски 1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 2 минути.

РК Работнички: Куртановиќ, Осман 2, Михајловиќ 6, Фиданов, Џепаровски, Темелкоски 3, Перчуклиевски, С.Кочаров, М.Кочаров, Јосифовски, Палевски 10, Бошковски 2 и Богоевски.    Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски од Струга.

Делегат: Славчо Каланоски.

Прочитано 443 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 1