РАДЕ МИЈАТОВИЌ Е НОВИОТ ГОЛМАН НА МЕТАЛУРГ

18.09.2013 11:54
DAR_5287_resize

za tekst

Најавата на Петар Ангелов дека сака да замине од Металург ја натера клупската управа на брза реакција, која резултира со доведување на првиот голман на црногорската репрезентација, Раде Мијатовиќ (32). Искусниот црногорски интернационалец денеска потпиша едногодишен договор, со можност за уште една, дополнителна година.

Во својата кариера Мијатовиќ настапувал за српските клубови Војводина, Партизан и Црвена Звезда, а неколку години престојувал и во Шпанија, каде ги бранел боите на Толедо, Алкобендас и Антекјера. Минатата сезона ја помина во Белорусија, на голот на Динамо од Минск.

DAR_5314_resize_resizeОд Ди­на­мо Минск за­ми­нав по­ра­ди за­вр­шу­ва­ње на до­го­во­рот и по­ра­ди лич­ни при­чи­ни, би­деј­ќи са­кав да би­дам што поб­ли­ску до мо­и­те во Цр­на Го­ра. Имав по­ну­ди од Ка­тар и од бун­дес­ли­га­шки еки­пи, но мо­ја жел­ба бе­ше да нај­дам бал­кан­ска еки­па што игра ба­рем во Ре­ги­о­нал­на­та ли­га. По­ну­да­та од упра­ва­та на Ме­та­лург ме изра­ду­ва и вед­наш ја при­фа­тив. Ме­та­лург из­ми­на­ти­ве се­зо­ни при­ка­жа врв­на игра, има од­лич­ни ра­ко­ме­та­ри, клу­бот има го­ле­ми ам­би­ции и за­до­волс­тво е да си не­гов член, ни рече Мијатовиќ.

Фото: Дарко Андоновски (“Нова Македонија“)

 

Прочитано 2.011 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2