Радовиш ги однесе бодовите од Автокоманда

04.03.2018 15:53
_DSC0074_resize

По подолгата пауза, во Автокоманда се врати суперлигашкиот ракомет. Во натпревар од 15. коло, екипата на Металург 2 го пречека тимот на Радовиш.

Металург 2, кој во продолжението на сезоната настапува со силно подмладен состав, долго време рамноправно се носеше со многу поискусниот противник, но на крајот сепак забележа убедлив пораз.

Почетокот на натпреварот почна лошо за момците на Раде Стојановиќ, бидејќи Радовиш поведе со 3:0. Но наскоро средбата мина во фаза на рамноправна игра, кога и двете екипи имаа свои периоди и свои водства. Ова половина од натпреварот заврши со минимална предност на младиот Металург 2, 10:9.

И вториот дел почна со серија на Радовиш од 3:0, но овој пат младиот тим на Металург 2 не успеа да собере сили и да се врати во игра. Радовишани постепено изградија солидна предност, која на крајот стигна и до максимални 9 гола разлика. Конечниот резултат од овој натпревар е 21:29.

.

Металург 2 – Радовиш 21:29 (10:9)

Металург 2: Василевски, Богдановски, Смилевски 2, Гошевски 5, Трајковски, Божиновски 1, Додиќ 2, Лембанов 1, Младеновиќ, Гајиќ 2, Тодоров 1, Кондев 1, Митиќ 2, Ристовски 2, Костески 2, Кофиловски.  Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 6 мин.

Радовиш: Паунов, С. Спасов, Илиев 8, Марков 1, Трајанов, А. Спасов, Долдуров, Ѓорѓиев 2, Фенов 1, Постолов 2, Соколов 3, Јованов, Симиќ 3, Ристов, Мајиќ 9, Јованов.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 10 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 422 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 1 =