Топ Вести

РАДОВИШ ГИ ОСТАВИ БОДОВИТЕ ВО АВТОКОМАНДА

03.04.2015 22:48
GIL_3219_resize

za tekst

Во Автокоманда се одигра натпревар од првото коло на плејоф-фазата, меѓу екипите на Металург и на Радовиш. Металург извојува победа со резултат 26:20 (16:13) и ги освои првите бодови во тековното првенство на Македонија.

Металург вечерва не го одигра својот најдобар натпревар и Лино Червар ќе има доста работа за да ги елиминира пројавените слабости. Тоа особено важи за нападачкиот дел на нашата екипа, иако и одбраната на моменти не беше на посакуваното ниво. Но, ако се земе в предвид дека оваа средба дојде по подолга пауза во натпреварувањето, а екипата имаше и тешки подготовки во Врњачка Бања, тогаш можат да радуваат освоените три бода. Металург сигурно може да игра многу подобро и тоа ќе треба и да го покаже на следните две средби, кои се и најважни во оваа прва половина од плеј-офот, гостувањето во Прилеп и средбата со Зомимак во Автокоманда.

Екипата на Радовиш вечерва пружи достоен отпор, особено во првото полувреме. На почетокот на првото полувреме противниците постигнуваа голови во серија. Металург поведе со 1:0, на што Радовиш врати со три едноподруго постигнати гола. Потоа, Металург спроведе серија од 4:0, за 5:3.  Во 11. минута имавме предност од три гола, 7:4, а потоа дозволивме Радовиш да ни даде пет и да го превземе водството 7:9. Сепак, крајот од првото полувреме го дочекавме со позитива од три гола, 16:13.

Второто полувреме го одигравме со доста технички грешки и лошо одиграни напади. Сепак, пресуди квалитетот на нашиот тим, кој забележа значајна победа, со која, барем денес, сме на чело на табелата.

Металург – Радовиш  26:20 (16:13)

Металург: Митревски  (3 одбрани), Ефендиќ (11 одбрани), Голубовиќ 1, Ојлески 3, Бојан Маџовски 2, Костески, Манасков 1, Бувиниќ 2, Кукоски, Борјан Маџовски 1, Талески 1, Војводиќ 2, Пешевски 2, Џукиќ 5, Вргоч 1 и Стојановиќ 5.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

Радовиш: Паунов (16 одбрани), Конзулов, Марков, Петров 2, Илиев 5, Долдуров 1, Мијалов, Ѓоргиев, Фенов 1, Ангелов, Спасов, Коцев, Ордев 7 и Блажески 4.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

Прочитано 2.538 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4