Радовиш ја почувствува силата на Металург

06.11.2019 21:22
DAR_6723_resize_resize

Металург во рамките на деветтото коло на македонската Суперлига оствари убедлива гостинска победа против екипата на Радовиш, која ја совлада со резултат 36:22 (17:12). Ова е и прв пораз на Радовиш на својот терен.

Иако средбата важеше за дерби на деветтото коло, во суштина рамноправно се играше само во првата четвртина од овој натпревар, се до резултат 12:12. Се после тоа мина во знакот на Металург, кој најпрво, со серија од 5:0, стекна убедлива предност до крајот на првото полувреме, 12:17.

Во второто полувреме веќе немавме достоен противник. Металург ја стегна одбраната, максимално ја забрза играта и брзо дојде и до двоцифрена предност, 17:27. Ракометарите на Радовиш веќе не можеа да најдат начин да ги спречат нашите играчи, особено нашите крила, нивниот најдобар стрелец Ивица Илиев беше комплетно отсечен, па разликата се искачи и до максималните +15, 20:35 и 21:36. Конечниот резултат од оваа средба е 22:36.

Со оваа убедлива победа Металург ја задржа првата позиција на табелата, каде се наоѓа од стартот на првенството.

Во следното коло Металург ќе му биде домаќин на нашиот втор тим – Металург 2.

.

Радовиш – РК Металург  22:36 (12:17)

Радовиш: Паунов, Тушев, Стојановски 2, Јованов, Ѓоргиевски 4, Долдуров 1, С.Ѓорѓиев 1, Постолов, Фенов, Ј.Ѓорѓиев 1, Органџиев, Ристов 1, Илиев 4, Трајанов, Везенковски 1 и Николов 7.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев, Јагуриновски, Поповиќ 6, Пецаковски 1, Мариќ 3, Серафимов 4, Лазаревски 4, Младеновиќ 1, Вујовиќ, Чантурија 5, Кбилашвили 4, Додиќ 1, Арсеновски 2 и Шилегов 5.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Делегати: Васил Чавдаров.

Прочитано 323 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1