- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 8 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 8 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 8 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 8 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 8 months
Радовиш мораше добро да се испоти за да го совлада Металург РА

Во натпревар од елиминациската фаза во Купот на Македонија, во Автокоманда екипата на Радовиш го совлада тимот на Металург РА, со резултат 25:30 (12:17). Тоа беше судир меѓу суперлигаш и екипа која се натпреварува во Првата лига, па и пред почетокот беше сосема јасно дека Радовиш е голем фаворит на овој натпревар. Сепак, гостинскиот тим мораше добро да се испоти за да го совлада денеска мотивираниот и жилав Металург РА.
Иако Радовиш водеше во текот на целата средба, во најголемиот дел од првото полувреме разликата меѓу двете екипи изнесуваше еден до три гола. Најблиску младите ракометари на Металург РА беа при 7:8 и 9:10. Сепак, Радовиш ја искористи малата криза на нашиот тим пред крајот на првото полувреме и овој период го заврши со предност од пет гола, 12:17.
Вториот дел мина во целосно рамноправна игра и заврши со израмнети 13:13.
Најдобар поединец на натпреварот беше нашиот Филип Николов, кој постигна дури 9 гола.
.
Металург РА – Радовиш 25:30 (12:17)
Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски 2, Фидановски 4, Христоски 1, Николов 9, Андревски 1, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ 2, Мандиќ 2, Прцуловски 1, Петровски и Таневски. Седмерци: 6/8. Исклучувања: 6 минути.
Радовиш: Паунов, Стојановски 3, Марков, С.Ѓорѓиев 4, Постолов 1, Ј.Ѓорѓиев, Спасов 1, Органџиев 2, Ристов 1, Трајковски, Чапов, Јовановски, Лојанчиќ 4, Ачимовиќ, Кобеиси 5 и Илиев 8. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 18 минути.
Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.
Делегат: Душко Камишевски.