Ракометарите на Металург 2 извојуваа значајна победа против екипата на Борец

17.03.2018 20:48
_DSC0186_resize

Младите ракометари на Металург 2 вечерва извојуваа значајна победа против екипата на Борец, во рамките на последното коло на регуларниот дел на македонското првенство. Оваа победа е особено значајна, бидејќи бодовите од овој натпревар се пренесуваат во плејаут-фазата. Металург 2 славеше заслужена победа со резултат 30:26 (15:14).

Долго време овој натпревар беше целосно рамноправен. Металург 2 имаше постојана предност, понекогаш и со три гола разлика, но гостинскиот тим не се предаваше и секогаш наоѓаше начин да ја анулира нашата позитива. Кон средината на првото полувреме Борец дури и поведе и тоа со два гола разлика, но тоа траеше кратко. Особено голем проблем за нашата одбрана беа искусните Павловски и Постоловски, кои не само што ја решетаа нашата мрежа, туку заработија и неколку седмерци, па и две исклучувања во нашите редови. Сепак, со свирежот на серената постигнавме гол и на одмор заминавме со минимална предност.

И вториот дел мина во слична игра. Металург 2 повторно стекна предност од три гола, 18:15, но веднаш и прими три погодоци едноподруго за ново израмнување. Се до самата завршница се играше гол за гол, а потоа помладиот и кондиционо поспремниот Металург 2 успеа да создаде предност од максимални четири гола, разлика која ја задржа до самиот крај.

.

РК Металург 2 – ГРК Борец  30:26 (15:14)

РК Металург 2: Смилевски, Гошевски 7, Трајковски, Василевски, Божиновски, Додиќ 2, Петковски, Лембанов 1, Младеновиќ 2, Гајиќ 3, Тодоров, Кондев 4, Митиќ 2, Ристовски 1, Костески 5 и Кофиловски 3.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

ГРК Борец: Стојановски 4, Павловски 7, Јаневски 1, Витанов, Постоловски 6, Белчовски, Јанков, Смилев, Аврамски, Николов 4, Солев, Петровски, Минов, Лазаревски 4 и Петров.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 495 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4