Топ Вести

Ракометна лекција на Металург за кадетите на Тинекс Пролет

12.04.2018 21:49
_DSC0131_resize

Во рамките на 9. коло на кадетското првенство на Македонија, група 3, вечерва во Автокоманда гостуваа кадетите на Тинекс Пролет.

Средбата мина во апсолутна доминација на кадетите на Металург, кои средбата ја добија уште во првата половина од првото полувреме, кога поведовме со преубедливи 8:1. Нашите кадети одиграа фантастичен натпревар во кој му одржа вистинска ракометна лекција на својот противник, инаку третопласираниот тим во групата. Нашите млади ракометари одиграа подеднакво добро и во нападот, но и во одбраната, каде денеска “царуваше“ нашиот голман Ацевски Давид, кој во првото полувреме комплетно го сопре нападот на Пролет. Првото полувреме го добивме со резултат 19:11.

Вториот дел мина во нешто порамноправна игра, а нашата предност варираше од 8 до максималните 12 гола разлика, при 30:18.

Ова е втора победа на нашите кадети против Тинекс Пролет, откако во првиот дел од првенството славевме на теренот на противникот со резултат 29:24 (13:13).

Кадетите на Металург се зацврстија на втората позиција и по девет одиграни средби имаат осум победи и само еден пораз, минимален против водечкиот тим на Вардар.

.

РК Металург – РК Тинекс Пролет  35:26 (19:11)

РК Металург: Ацевски, Димевски, Даноски, Табаковски 6, Донев 5, А.Вељановски, Стеријев, Меловски 4, Јорданов, Андревски 4, Б.Вељановски 4, Прентовски 7, Блажевски 2, Грујоски, Николов 2 и Петровски 1.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 минути.

РК Тинекс Пролет: Станиќ, Намиќ 3, Јовановски 1, Матовски, Николовски 6, Мојсовски 1, Благопетров 6, Даев 4, Блажевски 2, Илиевски 1, Стојковски, Љубевски, Ангеловски 1, Б.Стојановски 1, Н.Стојановски и Манев.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 166 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 8