РАКОМЕТНИ ШКОЛИ НА МЕТАЛУРГ:ЗАНИМЛИВОСТИ ОД РАКОМЕТОТ

29.04.2012 14:34
B64

Ракометот како и секој спорт има свои правила. Многу од нив се општопознати, а некои помалку познати.

Еве само некои од нив:

– Познато е дека екипите стартуваат со по 7 ракометари. Помалку е познато дека не смеат да стартуват со помалку од 5 ракометари.

– Голот е со димензии 3 метра во ширина и 2 метра во висина.

– Постојат три големини на топки: 1, 2 и 3.

  1. Обим 50-52 см, тежина 290-330 гр, за момчиња од 8-12 и девојчиња од 8-14 години.
  2. Обим 54-56 см, тежина 325-375 гр, за момчиња од 12-16 и девојчиња постари од 14
  3. Обим 58-60 см, тежина 425-475 гр, за момчиња постари од 16 години

– На клупа можат да седат до 4 официјални лица од кој само едно е одредено за комуникација со записничка маса и судиите.

– Ако за еден прекршок судиите досудат различни санкции, важи онаа построгата.

– Се признава гол ако топката целосно ја помине гол линијата. Во исклучителни случаи се признава гол ако топката одела кон голот но била погодена со некој фрлен предмет или сопрена од надворешно лице.

– Надвор од својата зона (6 метри) голманот е обичен ракометар.

– Ако ја води топката надвор од зоната од 6 м, голманот не смее со нејзе да се врати во зоната.

– Максимално можат да се дадат три опомени (жолти картони) за една екипа, потоа се возможни само исклучувања.

– Ракометар кој бил исклучен на две минути после тоа не може да биде опоменат со жолт картон.

– За ракометари автоматска дисквалификација следува по третото исклучување, за службените лица по второто.

Прочитано 431 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =