РАКОМЕТНИТЕ ШКОЛИ НА МЕТАЛУРГ СЕ ШИРАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА

18.05.2012 17:46
DSC_1102_resize

Амбициозниот проект на Металург наречен Ракометна Академија добива нова димензија. Во моментот на подрачјето на град Скопје функционираат шест машки и шест женски школи а во најскоро време се планира отварање на уште три школи, повторно во Скопје. Амбициите одат и подалеку.

Металург реши, во соработка со еминентни ракометни имиња, да започне со отварање на ракометни школи низ Македонија. За почеток, договорено е организирање на школи во Ресен, Прилеп и Струга.

Во Ресен, ракометната школа на Металург ќе ја води Санде Темелковски – Рапо.

Во Прилеп, ракометната школа на Металург ќе биде под раководство на Гоце Макаловски.

Во Струга, ракометната школа на Металург ќе ја води Јаковче Матлиевски.

Металург е отворен за соработка и е заинтересиран за отварање и на други школи, во други ракометни центри во нашата земја.

Фотогалерија:

Прочитано 1.129 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 1