РАКОВОДСТВОТО НА ГАСПРОМ-ЛИГА ПРИЗНА ДЕКА ИМА ПРОПУСТИ И И СЕ ИЗВИНИ НА ВОЈВОДИНА

20.09.2013 00:56
1147605_372234392879307_279194709_o

za tekst

На вчерашниот состанок  во Белград, раководството на Гаспром регионалната лига ги призна своите пропусти и и се извини на Војводина. Издадено е и соопштение, кое ви го пренесуваме во целост.

На Управниот одбор на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата, одржан на 19 септември во Белград, утврдени се одредени пропусти во комуникацијата меѓу канцеларијата на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата и РК Војводина, па Управниот одбор ги донесе следните заклучоци:

1. Комуникацијата меѓу канцеларијата на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата и РК Војводина до сега не беше во корелација со важечките прописи на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата. Поради наведените пропусти и недостаток на комуникација од страна на канцеларијата на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата, дојде до пропуст во договорот за ТВ-преносите. Канцеларијата на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата ја користи можноста да им се извини на РК Војводина и на претседателот г. Милан Џукиќ, поради настанатата ситуација.

2. Поради наведените пропусти и за да се подигне квалитетот на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата, истата се обврзува да организира ТВ-преноси од две дополнителни средби на РК Војводина.

3. Се раскинува соработката со туристичката агенција “Унилине“ д.о.о од Загреб, а организацијата на сместувањето и на транспортот во сезона 2013/14 преминува во надлежност на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата.

Во најскоро време ќе се организира состанок на кој ќе треба да бидат присутни претседателите и директорите на клубовите – учесници на лигата во сезона 2013/14, а со цел да се подигне квалитетот и организацијата на СЕХА Гаспром Јужен Поток лигата.

Поради настанатите пропусти уште еднаш ја користиме можноста да им се извиниме на РК Војводина и на претседателот Милан Џукиќ.

1145_372234392879307_279194709_o_resize

 

Прочитано 975 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 0