РАСПРОДАДЕНИ СЕ СИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – ПСЖ

27.09.2013 20:40
GIL_4416_resize_resize

za tekst

Денеска се продадени и последните влезници за натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Пари Сен Жермен. Салата е целосно распродадена, а тоа значи дека в сабота ќе биде пеколна атмосферата во СЦ “Борис Трајковски“.

Натпреварот почнува во 18 часот. Вратите ќе бидат отворени веќе во 16.30 часот, а ќе се затворат во 17.45 часот. Ги молиме нашите симпатизери да дојдат навреме за да не се створат турканици пред самиот натпревар.

Утре, со почеток во 12 часот, на касата во СЦ “Борис Трајковски“ ќе може да се изврши замена на блок-влезниците со пластичните картички.

Драги наши навивачи, ве очекуваме и се надеваме дека уште еднаш ќе бидете нашиот осми играч. Заедно да се обидеме да дојдеме до вредната победа.

Прочитано 1.064 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3