Раул Гонзалез го објави поширокиот список за бараж натпреварите со Романија

28.05.2018 11:25
39646753951_b07205a497_b

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двете бараж-средби за пласман на СП 2019 против селекцијата на Романија. Меѓу нив се и шестмина ракометари на Металург.

.

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски и Јане Цветковски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски и Томислав Јагуриновски.
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески и Димитар Димитриоски.
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски и Костадин Петров.

.

Сениорската машка репрезентација средбите од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот ќе се одигра во градот Клуж.

Прочитано 306 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3