Топ Вести

Раул Гонзалез повеќе не е селектор на македонската репрезентација

04.02.2019 12:37
NT4_6965_28932_5a65048770_resize-610x427

Раул Гонзалез повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација.

Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Раул Гонзалез, се спогодија да ја прекинат соработката.

Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и ќе биде во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, двете страни, пријателски и фер, се сложија околу прекинувањето на соработката.

Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро, многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“, стои во соопштението на РФМ.

Прочитано 1.652 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1