Топ Вести

Раул Гонзалез се реши со кои 16-мина ќе го почне СП во Германија и во Данска

11.01.2019 10:41
imago35093369h-logo

Пред денешниот прв натпревар од СП во Германија и во Данска, македонскиот селектор Раул Гонзалез го соопшти тимот со кој ќе го почне 26-тото СП. Гонзалез во Минхен поведе 18 ракометари, па за денешната средба со Јапонија реши на трибините да ги пресели нашиот пикер Милан Лазаревски и третиот голман Златко Даскалоски. Тие својата шанса ќе ја чекаат во продолжението на првенството.

Македонија против Јапонија ќе настапи во следниот состав: Борко Ристовски, Никола Митревки,  Филип Чурлевски, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Филип Талески, Велко Маркоски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски.

Свое деби на светските првенства ќе ги имаат двајцата млади ракометари на Металург – 18-годишниот Мартин Серафимов и 20-годишниот Марио Танкоски. Со среќа момци!

Средбата ќе се одигра денеска во прекрасната “Олимпиахале“ во Минхен, со капацитет од 12000 места.  Почетокот на средбата е закажан во 15.30 часот.

Прочитано 305 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 8