Топ Вести

РАЗРЕШЕНИ СЕ СИТЕ ДИЛЕМИ ОКОЛУ РЕГУЛАРНОСТА НА СРЕДБАТА МЕТАЛУРГ – ВОЈВОДИНА

23.02.2015 13:25
maxredefault_resize

za tekst

Разрешени се сите дилеми околу регуларноста на средбата од 14. коло на СЕХА-лигата меѓу екипите на Металург и на Војводина, по непотребната тензија што настана со задоцнетата жалба на Војводина. Да потсетиме, таа средба заврши со резултат 26:26, а раководството на Војводина дури девет дена по средбата упати жалба во која искажа сомнение околу регуларноста на резултатот, поради, според нив, неоправдано поништениот гол на Урош Елезовиќ на четири секунди до крајот.

Во меѓувреме беа земени дополнителни изјави од сите официјалните лица на таа средба и од нашиот тренер Лино Червар, по што Комесарот за натпреварување при СЕХА-лигата, Марјан Начевски, и официјално ги разреши сите дилеми:

1. Голот што го постигнал играчот на Војводина Урош Елезовиќ, во 59:56 минута, не е регуларен, бидејќи средбата беше прекината три секунди пред упатениот удар кон голот.

2. Поради недозволено влегување на терен тренерот на Металург, Лино Червар, се казнува со опомена, согласно член 38.1 од пропозициите на СЕХА.

3. Поради ненавременото санкционирање на Лино Червар, делегатот Синиша Рудиќ се казнува со опомена, согласно член 38.1 од пропозициите на СЕХА.

4. Поради ненавремено санкционирање на Лино Червар, судиите Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица се казнуваат со опомена, согласно член 38.1 од пропозициите на СЕХА.

Прочитано 1.444 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 3 =