Топ Вести

РЕКОРДНИ 61 ГОЛ НА КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ

14.03.2015 18:08
_DSC0024_resize

za tekst

Во Автокоманда се одигра натпревар од редовното коло на кадетското првенство на Македонија, меѓу екипите на Металург и на РК Бутел. Натпревар меѓу две апсолутно различни по квалитет екипи, со исход кој најверојатно претставува општомакедонски рекорд по бројот на постигнати голови. Имено, кадетите на Металург постигнаа дури 61 гол, за предвидените 60 минути игра, најмногу преку брзи контранапади. Тоа е и најзначајниот факт за овој натпревар, во кој веќе на полувреме имавме предност од 21 гол, 27:6.

Средбата заврши со резултат 61:13.

Шилегов со 15, Димитриоски со 11 и Смилевски и Илиевски, со по 10 постигнати гола, беа најдобри во Металург.

РК Металург – РК Бутел  61:13 (27:6)

РК Металург: Блажевски, Обреновиќ, Реџиќ 1, Шулевски 2, Здравковски 7, Димитриоски 11, Илиевски 10, Стојменов 1, Шилегов 15, Лембанов 1, Танкоски 2, Смилевски 10 и Лазаревски 1.     Седмерци: 2/2.       Исклучувања: 2 минути.

РК Бутел: Јовановски, Стоилков 2, Емшериев 1, М.Карокчевиќ 1, Малов, Николовски, Ј.Карокчевиќ 1, Смичковски 2, Славковиќ, Танев, Спасовски, Лесаноски 5, Атанасов 1 и Томовски.     Седмерци: 4/4.       Исклучувања: 6 минути.

Судии: Дичовски Бојан и Василевски Георги од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 1.820 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 16