РЕЛАТИВНО ЛЕСНА ГРУПА ЗА РК МЕТАЛУРГ. ОДИМЕ ВО НОРВЕШКА

03.07.2012 01:43
999

Пред малку во Виена заврши ждрепката за состав на квалификациските турнири за влез во главната фаза на Лига на шампиони.

РК Металург доби релативно лесна група во која покрај нашиот претставник се и Хаслум (Норвешка), Динамо Полтава (Украина) и Алпла Хард (Австрија). Домаќин на турнирот е екипата на Хаслум, а во случај на негово откажување, следен домаќин е Металург.

Полуфинални двојки се:

Металург – Алпла Хард   (8 септември)

Динамо Полтава – Хаслум   (8 септември)

Победниците одат во финале кое се игра на 9 септември.

Победникот од финалната средба обезбедува место во групната фаза и при ждребувањето по групи (6 јули) ќе биде во најслабиот шести барабан.

Еве го составот на квалификациските групи:

 

Група 1

.

РК Слога (БиХ)
РК Партизан (Србија)                                     Домаќин Партизан (резерва Слога Добој)
ФЦ Порто (Португалија)
ХЦ Ловќен (Црна Гора)
 

Група 2

.

РК Металург (Македонија)
Хаслум ХК (Норвешка)                                 Домаќин Хаслум (резерва Металург)
ХЦ Динамо Полтава (Украина)
 Алпла ХЦ Хард (Австрија)
 

Група 3

.

ХЦМ Констанца (Романија)
 Tатран Прешов (Словачка)                          Домаќин Констанца (резерва Бозен)
 Macкаби Сруго Ришон (Израел)
ССВ Бозен (Италија)
 
 
Победниците од секој квалификациски турнир одат во групната фаза на Лига на шампиони.
Динамо Минск (Белорусија) и Бешихташ (Турција) ќе играат бараж дуел (гости – дома) а победникот ќе обезбеди место во групната фаза на Лига на шампиони.
Прочитано 1.082 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 10