Реми на средбата меѓу Македонија и Италија

23.10.2019 19:21
MKD-ITA

Иако се сметаше дека Италија ќе биде полесен противник од Турција, излезе дека и не е така. Н а втората пријателска средба во Турција, нашата подмладена репрезентација одигра само нерешено со селекцијата на Италија, 26:26 (12:12).

Се играше воглавно израмнето, најчесто гол за гол, но токму Италија беше селекцијата што во првото полувреме водеше со 4:1, а во второто и со максимални +5, 22:17, во 43. минута. Израмнувачкиот гол го постигна Поповски од линијата за седум метри.

Најпрецизен овој пат беше Поповски, со 8 постигнати голови, а од репрезентативците на Металург повторно се истакна Танкоски, и повторно со 4 гола.

Македонија се враќа во Скопје, а до крајот на ЕХФ-неделата не очекуваат уште двете средби со селекцијата на Грузија во Скопје, на 25. и на 26. октомври.

.

Македонија – Италија  26:26 (12:12)

Македонија: Томовски (9 одб.), Кизиќ (1 одб.), Велковски 1, Димитриоски 2, Костески 1, Танкоски 4, Крстевски, Кукуловски, Поповски 8, Младеновиќ, Пешевски 4, Јагуриновски 1, Маџовски 1, Димитриевски, Мишевски 3 и Арсеновски.

Прочитано 303 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =