Реми во битката на двете кадетски репрезентации на Македонија.

13.12.2019 20:49
DAR_0864_resize

Во Автокоманда заврши меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, во организација на РФМ.

Во последниот натпревар од турнирот се сретнаа двете селекции на Македонија, Македонија “А“ и Македонија “Б“.

Младите македонски ракометни надежи одиграа одличен натпревар во кој сепак Македонија “Б“ имаше повеќе од играта и беше подолгу во водство. Селекцијата предводена од Благоја Весиќ првото полувреме го доби со разлика од два гола, а при крајот на средбата имаше и предност од 4 гола, но сепак не успеа да победи.

Но, иако не успеа да победи, Македонија “Б“ со поделбата на бодовите сепак заврши на второто место на табелата, додека Македонија “А“ заглави на претпоследното.

.

Македонија “Б“ – Македонија “А“   22:22 (12:10)

Македонија “Б“: Ивановски, Димовски 1, Чакалиќ 4, Илиев, М.Ивановски 1, Митрески 1, Додевски 2, Николов, Мелоски, Трајкоски 7, Калајџиевски, Михајловски, Стојковиќ, Димевски 1, Донев 1, Јанчев 1, Костовски 1 и Киселовски 2.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 10 минути.

Македонија “А“: Ацевски, Крстевски 1, Тодески 1, Илиевски 4, Фидановски 3, Ташевски, Грујевски, Ташев 1, Стојановски, Спасовски 3, Мишевски, Ѓорговски 2, Андрески, Атанасиевиќ 1, Стојчевиќ 3 и Саврески 3.    Седмерци: 4/8.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Василевски Ѓорги и Јовановски Иван од Скопје.

Делегат: Локвенец Златко.

.

Конечен пласман на турнирот:

Capture_resize

Прочитано 382 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 0