Топ Вести

РЕНАТО ВУГРИНЕЦ: ДРЖАВЈАНСТВОТО Е ГОЛЕМА ЧЕСТ, НО И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

16.12.2013 12:04
DSC_0401_resize1

rk-metlurg-logo_final_resize

Интервјуто е преземено од дневникот “Нова Македонија“.

Си­те до еден ќе го да­де­ме пос­лед­ни­от атом од си­ла­та за да стиг­не­ме до што по­до­бар плас­ман на ра­ко­мет­но­то Европ­ско пр­венс­тво (ЕП) во ја­ну­а­ри во Дан­ска, нај­а­ву­ва Ре­на­то Ву­гри­нец, но­во­пе­че­ни­от Ма­ке­до­нец и ре­пре­зен­та­ти­вец.

На ЕП во Ср­би­ја во 2012 го­ди­на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја го по­стиг­на нај­го­ле­ми­от ус­пех, осво­ју­вај­ќи го 5-то ме­сто, со што бе­ше и нај­го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње на пр­венс­тво­то. Се­га пред ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци стои пре­диз­ви­кот ЕП 2014, на кој јав­но­ста по­втор­но оче­ку­ва ви­сок плас­ман. Ма­ке­дон­ска­та се­лек­ци­ја го­ди­на­ва до­пол­ни­тел­но се за­си­ли со на­ту­ра­ли­за­ци­ја на Ву­гри­нец од Ме­та­лург и на срп­ски­от бек Не­ма­ња При­бак од Вар­дар.

Јас­но е де­ка и РФМ и струч­ни­от штаб на ре­пре­зен­та­ци­ја­та има­ат ам­би­ции за ова ЕП и сме­там де­ка тоа што на­ту­ра­ли­зи­раа двај­ца ра­ко­ме­та­ри до­вол­но го­во­ри за тоа што се оче­ку­ва од нас ка­ко ре­пре­зен­та­ци­ја. Но мо­рам да ка­жам де­ка овој пат не­ма да стиг­не­ме тол­ку лес­но до ус­пех ка­ко што се слу­чи пред две го­ди­ни, би­деј­ќи то­гаш ма­ке­дон­ски­те ра­ко­ме­та­ри играа пра­ктич­но на до­ма­шен те­рен и пуб­ли­ка­та бе­ше мо­тив и играч плус. Се­га ќе би­де­ме по­си­ро­маш­ни во тој пог­лед, но си­те ќе го да­де­ме пос­лед­ни­от атом од си­ла­та за што по­до­бар плас­ман – ка­жа Ву­гри­нец.

На­ста­пи­те за на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја се раз­ли­ку­ва­ат од клуп­ски­те на­ста­пи, има­ат по­себ­на те­жи­на и важ­ност, за­тоа што со нив се прет­ста­ву­ва ед­на це­ла на­ци­ја.

Оди­грав 187 ме­ча за Сло­ве­ни­ја, но ве­ќе три го­ди­ни не сум дел од го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња, ЕП, СП и олим­пи­ски игри. Тоа што РФМ ме по­ви­ка да би­дам дел од ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја мно­гу ми се до­пад­на и мно­гу ми зна­чи, би­деј­ќи тие во ме­не уште гле­да­ат по­тен­ци­јал и ве­ру­ва­ат де­ка ќе мо­жам да ѝ по­мог­нам на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, на по­зи­ци­ја­та на ко­ја го има­ат од­лич­ни­от Ки­рил Ла­за­ров, единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец што на­пра­ви огром­на ин­тер­на­ци­о­нал­на ка­ри­е­ра. Дра­го ми е што ќе мо­жам да му по­мог­нам не­му, ка­ко и на дру­ги­те, би­деј­ќи овие нат­пре­ва­ри се не­што дру­го, ту­ка играш за ед­на на­ци­ја што те це­ни и те под­др­жу­ва. За­тоа, со дра­га вол­ја ја при­фа­тив по­ну­да­та за др­жав­јанс­тво – ве­ли ле­во­ра­ки­от бом­бар­дер.

Иде­ја­та за да до­бие ма­ке­дон­ско др­жав­јанс­тво не е не­што но­во што се слу­чи­ло се­га, одед­наш.

– По­ну­да­та ја до­бив уште пред по­ло­ви­на го­ди­на и од по­че­ток не ја сфа­тив се­ри­оз­но, мис­лев де­ка е не­ка­ква ше­га. Но по­доц­на, по не­кол­ку се­ри­оз­ни раз­го­во­ри, ви­дов де­ка се­пак се ра­бо­ти за се­ри­оз­на по­ну­да за ко­ја вре­ди да се раз­мис­ли. Ко­га ед­на зем­ја ќе ви по­ну­ди др­жав­јанс­тво, тоа е го­ле­ма чест што тре­ба да ја оправ­да­те. Сед­нав со се­мејс­тво­то и раз­го­ва­рав за тоа да­ли ме­не ми тре­ба тоа, да­ли со мо­е­то при­сус­тво ќе ѝ по­мог­нам на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, што по­тоа, би­деј­ќи та­кви­от че­кор но­си и го­ле­ма од­го­вор­ност, ка­ко за ме­не та­ка и за мо­е­то се­мејс­тво – ре­че ле­во­ра­ки­от бом­бар­дер на Ме­та­лург.

Во те­кот на сво­ја­та ин­тер­на­ци­о­нал­на ка­ри­е­ра Ву­гри­нец играл во мно­гу клу­бо­ви и во раз­лич­ни сре­ди­ни (Сло­ве­ни­ја, Гер­ма­ни­ја, Шпа­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја), но не­што што му оста­ви­ло нај­го­лем впе­ча­ток во Ма­ке­до­ни­ја е фе­но­ме­нал­на­та пуб­ли­ка во „Бо­рис Трај­ков­ски“.

– Не­мам збо­ро­ви со кои би го иска­жал оду­ше­ву­ва­ње­то од ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. Ов­де се на­ви­ва со ср­це и со страст. Пуб­ли­ка­та се со­жи­ву­ва со се­кој ус­пех и со се­кој по­раз. Во Гер­ма­ни­ја, на при­мер, тоа не е та­ка. Точ­но е де­ка има по­се­те­ност на та­мош­ни­те нат­пре­ва­ри, но пуб­ли­ка­та на нат­пре­ва­ри­те гле­да ка­ко на за­вр­шен филм, без емо­ци­ја и жар. Си гриц­ка­ат пу­кан­ки, си ја­дат сенд­ви­чи и да ги пра­шаш по нат­пре­ва­рот кој по­бе­дил или што се слу­чи­ло, не зна­ат. Но ов­де е со­се­ма по­и­на­ку. Ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка го раз­би­ра ра­ко­ме­тот и точ­но знае да­ли не­кој играч оди­грал од­лич­но, до­бро или по­тфр­лил. Пуб­ли­ка­та во „Бо­рис Трај­ков­ски“ ми да­ва до­пол­ни­тел­на енер­ги­ја и мо­тив да играм што по­до­бро – ве­ли сло­ве­неч­ки­от Ма­ке­до­нец, кој по­крај тоа што го раз­би­ра ма­ке­дон­ски­от ја­зик, од­лич­но ги вла­дее анг­ли­ски­от, гер­ман­ски­от и шпан­ски­от, а по мал­ку и арап­ски­от ја­зик.

Гле­дај­ќи ги Ре­на­то Ву­гри­нец и не­го­ва­та игра на те­ре­нот во ком­би­на­ци­ја со не­го­ви­от мла­до­лик изг­лед, ре­тко кој би прет­по­ста­вил де­ка има 38 го­ди­ни. Тој е чо­век со го­ле­мо спорт­ско и жи­вот­но искус­тво, на се­кој на­ре­ден ден и нат­пре­вар гле­да ка­ко на не­што но­во и вред­но да се на­пра­ви, а и не­што да се на­у­чи.

– Ко­га имав 22-23 го­ди­ни раз­мис­лу­вав де­ка би би­ло до­бро ако играм до 30-та го­ди­на, но и се­га со 38 го­ди­ни зад ме­не уште сум же­ден за игра и за до­стиг­ну­ва­ња. Ра­ко­ме­тот е мо­јот жи­вот, ра­ко­ме­тот е мо­ја жи­вот­на опре­дел­ба, мо­ја дви­жеч­ка си­ла, единс­тве­но не­што што го ра­бо­там со це­ла­та сво­ја ду­ша и це­ло­то свое ср­це. Се на­де­вам де­ка и по за­вр­шу­ва­ње­то на играч­ка­та ка­ри­е­ра ќе про­дол­жам да се за­ни­ма­вам со ра­ко­мет, но од дру­га­та стра­на, ка­ко тре­нер или не­што слич­но. Во дол­го­го­диш­на ка­ри­е­ра мно­гу ви­дов и на­у­чив за ра­ко­ме­тот и тоа са­кам да го спо­де­лам со мла­ди­те – ре­че Ву­гри­нец, кој се на­де­ва де­ка ИХФ ќе доз­во­ли не­гов на­стап за ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја.

При­фа­ќа­ње­то на ма­ке­дон­ско­то др­жав­јанс­тво за Ву­гри­нец прет­ста­ву­ва и оп­ци­ја плус. Мож­ност тој со се­мејс­тво­то по за­вр­шу­ва­ње­то на про­фе­си­о­нал­на­та ка­ри­е­ра да про­дол­жи да жи­вее и да ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја.

– Ед­на од при­чи­ни­те по­ра­ди кои го при­фа­тив ма­ке­дон­ско­то др­жав­јанс­тво е тоа де­ка ми се до­па­ѓа­ат жи­во­тот и лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја. И со се­мејс­тво­то раз­мис­лу­вав­ме по за­вр­шу­ва­ње­то на ка­ри­е­ра­та да оста­не­ме да жи­ве­е­ме ту­ка. Ма­ке­до­ни­ја и Скоп­је ну­дат од­лич­ни ус­ло­ви за жи­вот, ка­ко за мла­ди­те та­ка и за во­зрас­ни­те. До­се­га од си­те ме­ста ка­де што сум жи­ве­ел ту­ка жи­во­тот ми е еко­ном­ски нај­исп­лат­лив. Ми се до­па­ѓа тоа што лу­ѓе­то и во оваа еко­ном­ска кри­за из­ле­гу­ва­ат на ка­фе, се сме­ат, дејс­тву­ва­ат по­зи­тив­но, што во Сло­ве­ни­ја не е слу­чај. И мо­и­те де­ца из­не­на­ду­вач­ки бр­зо се вкло­пи­ја во сре­ди­на­та. Две од нив одат во гра­дин­ка, а нај­го­ле­ма­та ќер­ка (де­вет и пол го­ди­ни – н.з.) оди на учи­ли­ште ка­де што на­ста­ва­та ја слу­ша на ма­ке­дон­ски и на анг­ли­ски – ве­ли Ву­гри­нец, кој до­да­де де­ка це­ло­то се­мејс­тво ја обо­жа­ва ма­ке­дон­ска­та куј­на, осо­бе­но ска­ра­та, го­тве­ни­те ја­де­ња и не­за­мен­ли­во­то грав­че-тав­че.

Ре­на­то Ву­гри­нец во ка­ри­е­ра­та бе­ше дел од го­ле­ми ус­пе­си. Со Цел­је ја освои Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во 2004 го­ди­на, иста­та го­ди­на со Сло­ве­ни­ја освои сре­брен ме­дал на ЕП, а два­па­ти бе­ше дел и од олим­пи­ски­те игри (2000, 2004).

– Не­ма не­кој по­се­бен ре­цепт за ус­пех и за до­бра игра, ба­рем спо­ред ме­не. Сѐ се све­ду­ва на мо­мент­на си­ту­а­ци­ја, инс­пи­ра­ци­ја, а и сре­ќа, т.е. ка­ко ќе ти ра­бо­ти гла­ва­та на нат­пре­ва­рот. Еки­па­та мо­же да одра­бо­ти пер­фект­ни под­го­то­вки, ти­мот на тре­нинг да функ­ци­о­ни­ра ка­ко швај­цар­ски ча­сов­ник, но на те­рен се­ко­гаш не из­ле­гу­ва ка­ко што тре­ба. Не знам, мо­же­би гре­шам, но со Цел­је и со Сло­ве­ни­ја не тре­ни­рав­ме ни­што по­ве­ќе или по­и­на­ку од тоа што го тре­ни­ра­ме се­га во Ме­та­лург. Се­пак, мис­лам де­ка се ра­бо­ти за до­бро иско­ри­стен мо­мент во ви­стин­ско вре­ме – об­јас­ну­ва Ву­гри­нец.

 Тања Димитриоска

————————————————————————————————————————————————————————————————————–

Лич­на кар­та

Да­тум на ра­ѓа­ње: 9 ју­ни 1975 го­ди­на

Ме­сто на ра­ѓа­ње: Птуј, Сло­ве­ни­ја

Ви­си­на: 196 см

Те­жи­на: 101 кг

По­зи­ци­ја: де­сен бек

Ка­ри­е­ра: Цел­је, Сло­ве­ни­ја (1997-2004, 2009-2010), Маг­де­бург, Гер­ма­ни­ја (2004-2006), Сан Ан­то­нио, Шпа­ни­ја (2006-2009), Ал Са­ад До­ха, Ка­тар (2010-2011), Хам­бург, Гер­ма­ни­ја (2011-2012), Ма­ри­бор, Сло­ве­ни­ја (2012), Ме­та­лург, Ма­ке­до­ни­ја (2012-).

Ре­пре­зен­та­ци­ја: за Сло­ве­ни­ја на­ста­пил 187 па­ти и по­стиг­нал 616 го­ла.

Нај­го­ле­ми ус­пе­си: Шам­пи­он­ска ти­ту­ла во ЛШ со Цел­је (2004), сре­брен ме­дал на ЕП со ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Сло­ве­ни­ја (2004).

Прочитано 2.793 пати

(2) Коментари

  1. So zadovolstvo go citav intervjuto so milenikot na zenskata populacija vo Makedonija.
    Posebno me voodusevi sto celoto semejstvo na Vugrinec zivee vo Skopje i site odlicno se prilagodile vo nasava sredina.
    Stiskame palci problemot so vkupniot prestoj na Vugrinec vo RM naskoro da se resi i so zadovolstvo da go gledame vo Makedonski dres.

    Ah kako ne bese Evropskoto na nekoja pobliska destinacija do nas…Danska e daleku ,a i premnogu skapa, pa uste i gradot vo koj ke igrame nie e najoddalecen….
    Da se nadevame deka dijasporata ke bide poaktivna ovoj pat.
    SREKNO VUGI !
    Da se nadevame deka dijasporata ke bide poaktivna ovoj pat.

  2. Sekoja cest G-ne Vugrinec.So Vaseto profesionalno i covecno odnesuvanje,igra i srdecnost ,so fluidot koj go ostvaruvate so publikata nesomneno ste na dobar pat da stanete rakometna ikona vo Makedonija .Nestrplivo ocekuvame da Ve vidime vo Makedonski dres ,pod Makedonskoto zname sploteni site zaedno so zvucite na nasata himna. Vi posakuvam se najdobro,mnogu uspeh na klubski i reprezentativen plan i da ne izraduvate vo Danska so odlicen plasman. :)

Напишете коментар


8 − 4 =