Репрезентативецот Велко Маркоски повторно ќе игра за Металург

06.11.2019 22:08
metalurg-kolding-banskoliev (64)_resize

Специјалистот за одбрана, Велко Маркоски (33 г., 194 см., 100 кг.), по четиригодишна пауза повторно ќе го носи дресот на Металург, каде настапуваше во периодот од 2010 до 2015 години. Маркоски потпиша договор до крајот на сезоната и ќе биде од огромна помош во битките на Металург дома и во Европа.

Маркоски, покрај Металург, настапуваше и за Вардар, Зомимак, Работнички и Загреб, а својот последен ангажман го имаше во првенството на Романија, каде ги бранеше боите на Доброгеа Суд.

По заминувањето од Доброгеа Суд, Маркоски неколку месеци беше без клупски ангажман, но сега, во редовите на Металург, ќе има можност да ја бруси формата за продолжението на сезоната и да биде подготвен за настапите на нашата репрезентација на претстојното ЕП, кое се игра во јануари следната година.

Прочитано 552 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7