Резултати од 2. коло на групната фаза на Лига Европа

28.10.2020 18:51
122766373_1122054094877743_843916423226586416_o

Коронавирусот направи вистински хаос во второто по квалитет европско клупско ракометно натпреварување, па во Лига Европа се одиграни само 4 од 12-те предвидени средби од второто коло на групната фаза. Меѓу осумте одложени средби е и натпреварот меѓу Металург и Висла Плоцк, што вчера требаше да се одигра во Скопје.

Најмногу средби се одиграни во нашата група “Б“, две од планираните три, додека во групата “Ц“ се одложени сите три натпревари.

.

Резултати:

Група “А“:

Фиверс – Чеховски Медведи  30:32 (15:16)

Адемар Леон – Феникс Тулуз  26:26 (15:14)

Група “Б“:

Кристијанштад – Динамо Букурешт  31:22 (16:12)

Група “Д“:

ГОГ – Еурофарм Пелистер  30:29 (14:14)

Прочитано 45 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1