РФМ го одложи и почетокот на Првата лига

24.09.2020 21:45
DAR_6853_resize

По серијата позитивни случаи на коронавирус во суперлигашките екипи, РФМ ги извести прволигашките клубови дека се одложува почетокот на сезоната во Првата лига на неодредено време. Во првото коло, кое требаше да се игра в сабота, екипата на Металург 2 ќе му биде домаќин на тимот на РК Партизан.

Новиот датум за почеток на Првата лига дополнително ќе биде одреден.

Засега останува да се играат само натпреварите од женската Супер лига, а сѐ уште е неизвесно дали ќе продолжат натпреварите од 5. коло во машката Супер лига во групата “Б“, по појавата на коронавирус во редовите на Работнички.

 

 

Прочитано 214 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 4