РФМ го суспендира и натпреварувањето во групата “Б“ од македонската Суперлига

25.09.2020 13:54
DAR_8139_resize

Поради големиот број на пријавени заразени ракометари во екипата на Работнички, РФМ донесе очекувана одлука и го суспендира натпреварувањето во групата “Б“ од македонската Суперлига.  Ракометот во оваа група ќе мирува во следните 15 дена, после кои ќе се направи нов скрининг и ќе се донесе соодветна одлука.

Претходно, РФМ го суспендираше и натпреварувањето во групата “А“, каде дури четири екипи пријавија заболени од Ковид 19.

Исто така, РФМ вчера го одложи и стартот на натпреварите во Првата лига. Засега единствено активна е Женската лига.

Прочитано 149 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1