Топ Вести

РФМ ја одреди паричната награда за успех на сениорите во бараж-натпреварите со Романија

11.04.2018 12:22
rfm-sobranie-18_resize

На денешната седница на УО на РФМ беше одлучено колкава парична награда ќе добие машката сениорска репрезентација, ако обезбеди пласман на СП 2019 во Германија и во Данска. Имено, сениорите ќе ја имаат истата парична награда што ја добија за своите игри на ЕП во Хрватска – 30000 евра.

Новост е дополнителниот бонус од 10000 евра, ако Македонија ја совлада Романија на двете бараж-средби.

Бараж-натпреварите со Романија се играат на 10 јуни во Скопје, односно на 13 јуни на гостински терен.

 

Прочитано 103 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3