РФМ предлага прекин на првенството и на Купот на Македонија

16.04.2020 17:48
0000_a4765

Ракометната Федерација на Македонија на следниот состанок на УО ќе го разгледува предлогот првенството да биде прекинато.

Соопштението е веќе испратено до клубовите, а јасно е дека нема да гледаме повеќе клупски ракомет во нашата држава оваа сезона. Со оглед дека властите во Македонија ја продолжија вонредната состојба до 15 мај, а се настојува ракометните натпреварувања да бидат завршени до 31 мај, РФМ предлага да нема прогласување победник во ниедна категорија и конкуренција од националниот систем на натпреварувања, вклучувајќи го и националниот Куп. Сепак, некакво рангирање ќе мора да има, заради пласман на екипите во натпреварувањата на ЕХФ и во СЕХА-лигата и затоа управниот одбор на РФМ ќе ги распредели екипите на тие позиции според посебни критериуми.

Според писмото што РФМ го испрати до клубовите, тие ќе имаат можност за предлог и реакција до 23 април, кога Управниот Одбор ќе го разгледува и ратификува системот за натпреварување за следната сезона.

soopstenie1

Прочитано 67 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 1 =