РФМ: Ракометот се одлага на неодредено време

23.03.2020 21:31
0000_a4765

Ракометната федерација на Македонија денеска се огласи со соопштение дека ги одложува сите лиги и натпревари на неоредено време.

.

“Почитувани, ве известуваме дека раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории. Одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19. Ракометната федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ – соопштија од Ракометна федерација на Македонија.

Предходно РФМ донесе одлука на 12 март за времен прекин од 14 дена, а оваа одлука денеска беше изменета со прекин на неодредено време.

Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 5 =